Поврзете се со нас

Формула 1

Розберг со предупредување до Хамилтон кој може само да загуби со доаѓањето на Расел во Мерцедес

Објавено

на

Поранешниот тимски колега на Луис Хамилтон од таборот на Мерцедес, Нико Розберг упати предупредување до Британецот по објавата дека Џорџ Расел ќе го заземе местото на Валтери Ботас во вториот болид на тимот кој долги години е во врвот на Формула 1.

Според Розберг, Хамилтон може само да загуби од доаѓањето на Расел кој има многу што да покаже во новиот тим за кој ќе вози од следната сезона.

Германецот Розберг кој беше тимски колега на Хамилтон и успеа да го победи фаворизираниот Британец во 2016 година кога на изненадување на многумина го освои Ф1 шампионатот, сега верува дека Расел може да извлече многу позитивни работи од неговиот премин во Мерцедес.

– Позитивно за Расел е тоа што тој нема што да загуби и може да постигне се, затоа што ќе биде партнер со еден од најдобрите на сите времиња. Никој не очекува Расел да го уништи Хамилтон, но доколку упее да го стори тоа, ќе биде апсолутен херој.

– Токму затоа ќе биде тешко за Луис затоа што против себе има млада надеж која никогаш не успеала да победи. Луис е меѓу најголемите, но замислете што ќе се случи кога овој млад возач ќе почне да го победува. Дефинитивно ќе биде во некомотна ситуација, -заклучи Нико Розберг.

Досегашниот клупски колега на Хамилтон, Валтери Ботас ќе се пресели во Алфа Ромео, додека испразнетото место во Вилијамс ќе го пополни Алекс Албон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни