Поврзете се со нас

Англија

Роналдо за неговата положба во Манчестер Јунајтед: Не сум тука за одмор

Објавено

на

Кристијано Роналдо пред натпреварот со Ливерпул имаше опширно интервју за „Скај Спортс“ во кое меѓу другото говореше и за неговите амбиции со Манчестер Јунајтед.

Португалецот истакна дека во Манчестер Јунајтед се вратил затоа што видел дека во тимот има голем потенцијал, спој на младост и искуство, посочувајќи дека клубот е подготвен за освојување на трофеи.

– Манчестер Јунајтед е синоним за освојување на титули, а јас не сум дојден тука на одмор. Им кажав кога доаѓав дека во тимот гледам голем потенцијал, многу млади играчи, играчи со потенцијал, а јас дојодв тука да освојвам што може да се освои и да помогнам на тимот да се достигнат нови цели, -изјави Роналдо во интервјуто за „Скај Спортс“.

Иако има 36 години, Роналдо веќе се наметна како лидер на Манчестер Јунајтед и на неколку натпревари веќе покажа дека може да биде клучниот фактор кој може да му донесе победа на тимот.

Според Португалецот, во клубот треба да одат чекор по чекор за да ги постигнат зацртаните цели.

– Ние сме во период во кој направивме неколку промени. Од клубот ме купија мене, ги ангажираа и Варан и Санчо, па треба време за адаптација, дури и за системот на игра кој го играме ние. Мислам дека чекор по чекор треба да си зацртаме во нашите мисли дека се е возможно со овој тим, -заврши Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни