Европски првенства
Роналдо со ефектна завршница во свој стил ја најави победата на Португалија, Словачка е 11. патник на ЕП (Видео)

Португалија веќе извесно време е сигурен патник на Европското првенство и само професионално го доработува квалификацискиот циклус, во кој вечерва запиша нова победа.
Тимот на Роберто Мартинез гостуваше во Лихтенштајн и очекувано влезе како апсолутен фаворит, па во мечот во кој максимално притискаше уште од првата минута, го скрши отпорот дури во вториот дел.
Аутсајдерот успеа да се одбрани во првите 45 минути, но вториот дел почна со ефектен гол на Кристијано Роналдо по додавањето од Жота.
Ова се случи во првата минута од второто полувреме, а веќе во 57-та беше 2:0 кога Жоао Кансело погоди во мрежата на домашната селекција. До крајот, Португалците постигнаа уште еден гол преку Рамош, но истиот беше поништен од страна на ВАР.
Од оваа група, вечерва го добивме и вториот патник на Европското првенство, а тоа е селекцијата на Словачка која на домашен терен славеше над Исланд со 42 и стана 11-та селекција која се пласираше на континенталниот собир.
La Slovaquie rejoint la liste des qualifiés pour l'Euro 2024 ! pic.twitter.com/ajAmNTV3TG
— L'ÉQUIPE (@lequipe) November 16, 2023
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 12 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 16 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 17 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 15 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)