Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Роналдо го награди Албанецот кој го имитираше пред негови очи (Фото)

Објавено

на

Пред фудбалската битка во Торино меѓу Јувентус и Ференцварош, угледните унгарските медиуми на големо ја пренесуваа изјавата на Марсе Хајстер, германскиот фудбалер на „зелено-црните“ кој се пожали на лош третман од страна на португалската ѕвезда по крајот на првиот натпревар кој Јуве го доби со 1:4.

Фудбалерот на Ференцварош обелодени дека Португалецот го одбил и не му го подарил дресот откако не постигна ниту еден од четирите гола во Будимпешта, но ако играчот за врска имаше лошо искуство со Роналдо, тоа не важи за Албанецот Мирто Узуни.

Младиот албански напаѓач постигна погодок за 0:1 и шокантно водство на гостите на „Алијанц стадионот“, а навистина интересно беше тоа што ја копираше прославата на Роналдо по постигнувањето на погодокот.

Во моменти на тензија на теренот, ова знае да биде протолкувано и како чиста провокација, но тоа не го сфати така големата ѕвезда на Јувентус која за разлика од првиот меч, сега покажа голема класа со 25-годишниот Албанец.

Кристијано со насмевка на лицето се поздрави со Албанецот кој го имитираше пред негови очи, па дури и му го подари дресот како вечен спомен од гостувањето во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни