Поврзете се со нас

Олимписки игри

Револт на социјалните мрежи, ова не е Олимпијада: Американец освои медал со телефон и слушалки во ушите (Видео)

Објавено

на

Годинешните Олимписки игри во Токио понудија и досега никогаш виден момент кога се работи за натпреварувачите кои излегуваат на спортските „борилишта“.

Од оваа година, скејтбордингот е нова дисциплина во која ќе има натпреварување и ќе се делат медали, а токму од овој спорт доаѓа и еден навистина интересен момент од игрите.

Имено, Американецот, Џегер Итон ја освои бронзата во „уличната“ дисциплина во скејтбординг, а неговото појавување на стазата предизвика големо внимание. Тој излезе со слушалки во ушите и телефон во својот џеб, па очигледно е дека додека се бореше за медал опуштено си слушаше музика.

Ваквиот потег на Американецот, според многумина е знак на непочитување кон Олимписките игри кои важат за најпрестижна спортска манифестација. Токму затоа дојде и револтот кај одредени фанови кои се пожалија дека целиот овој склоп нема никаква врска со Олимписките игри.

Инаку, освен Итон кој беше третопласиран, со медали во новата дисциплина се закитија Јуто Хоригоме од Јапонија, кој го освои златото и Келвин Хефлер од Бразил кој се закити со сребро.

Освен скејтбордингот, нови дисциплини на Олимписките игри се и спортското качување како и сурфањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни