Поврзете се со нас

Балкан

Репрезентативецот е незадржлив: Етеми со мајсторски гол ја најави победата на Истанбулспор (ВИДЕО)

Објавено

на

Офанзивецот на Истанбулспор и воедно македонски репрезентативец, Валон Етеми продолжува да „грми“ со своите изданија во Турција каде денеска даде уште еден гол во дуелот со Аланијаспор.

Етеми имаше фантастична реакција во 67 минута кога во манир на расен стрелец го матираше гостинскиот голман Рунарсон. Овој гол им даде дополнителна енергија на домашните играчи кои во преостанатиот дел дадоа уште еден погодок, воедно и примија, ама тоа беше доволно за славје од 2-1.

Валон има учиник од 9 погодоци и 3 асистенции во турската Суперлига во која пак Истанбулспор се наоѓа на долниот дел на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни