Поврзете се со нас

Шпанија

Реал излезе со сериозни докази против Алехандро: Судијата Ернандез намерно му штети на „кралскиот клуб“! (Видео)

Објавено

на

Судијата Алехандро Ернандез Ернзндез е топ тема во шпанската спортска јавност во изминатите 24 часа, па иако доби поддршка од своите поранешни колеги за одлуката која ја донесе на дербито меѓу Атлетико и Реал, сепак фановите на „кралскиот клуб“ не стивнуваат со негативните реакции и нападите кон арбитарот.

Ернандез не досуди пенал за Реал на крајот од првото полувреме и покрај тоа што топката го удри во рака Фелипе, ситуација која не ја окарактеризираа како пенал и поранешните судии Итуралде Гонзалес и Андухар Оливер.

Сепак, покрај фановите на Реал, се поочигледно е дека и одговорните луѓе на клубот не веруваат во „случајните“ грешки и проценки на судијата Ернандез, арбитар со кој „кралевите“ имаат само четири победи на последните 14 натпревари на кои тој им судел.

Официјалната телевизија на Реал Мадрид за првпат одлучи да направи една долга видео анализа за една ВАР одлука, или поточно, ги посочи сите големи грешки кои според нив Ернандез намерно ги прави на штета на тимот кој го води Зидан.

Во видео студијата која е направена, прикажани се сите големи грешки на Ернандез од кои добар дел се и од „Ел Класико“ пресметки, а на сето ова, денеска доста актуелната беше веста со која беше споделена една изјава на судијата како тинејџер, кога се прокламирал како голем фан на каталонскиот гигант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни