Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос го искоментира дуелот со Ленгле по кој заработи клучен пенал за Реал

Објавено

на

Серхио Рамос го постигна вториот гол за Реал Мадрид на денешното „Ел Класико“, погодок кој според многумина го реши комплетниот тек на мечот, особено во второто полувреме.

Гостите од Мадрид добија пенал во 63-та минута по сигнализацијата од ВАР собата, откако Ленгле го повлече капитенот на Реал во сопствениот шеснаесетник.

Иако допирот се чинеше дека е минимален, сепак влечењето беше окарактеризирано како доволно за најстрога казна, по што Рамос не погреши од белата точка и погоди за 1:2. На крајот, Модриќ постигна уште еден гол и Реал славеше со конечни 1:3, триумф кој доаѓа во најдобро време за „кралевите“ по двете разочарувања со Кадиз и Шахтјор Доњецк.

– Маркирањето од страна на Ленгле е на граница, ме повлече во моментите кога сакав да скокнам. Неправедно е да се напаѓа судијата за толку очигледна акција. Понекогаш судиите грешат, понекогаш не, но тука немаше сомнеж. Ова беше чист пенал, – изјави Рамос.

– Ова беше тешка седмица за нас, а ова беше добар натпревар да се вратиме на прав пат. „Ел Класико“ секогаш нуди екстра мотив, бевме навистина мотивирани. Не можевме и не смеевме да ја продолжиме лошата серија, ова ќе ни дојде добро на ментален план. Сакаме да ги оставиме критиките на страна, победа на гостински терен кај ривалот секогаш е голем плус. Се знае дека во Реал Мадрид се говори за криза после само два меча, но ние го знаеме нашиот пат. Ја оставаме настрана критиката која доаѓа од надвор и која сака да ја уништи хармонијата во тимот, – заврши капитенот на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни