Поврзете се со нас

Свет

Ракометна „паненка“: Данецот Јул го искреира пеналот на годината и ги воодушеви фановите (Видео)

Објавено

на

Големите ракометни ѕвезди често знаат да се најдат во центарот на вниманието поради специфичните техники за изведување пенали, но седмерецот кој го изведе играчот на Алборг на последниот првенствен меч во Данска дефинитивно е предмет за посебна анализа.

Алборг славел над Хелстебро со 36:27 во натпревар на кој најмногу голови постигнал Бустер Јул, но еден од седумте погодоци стана вистински хит во ракометната јавност.

Левото крило обично се препознава со своите погодоци од страничните позиции, но овојпат изведе една пенал бравура која според многумина е окарактеризирана како седмерец на годината.

Јул изведе своевидна ракометна „паненка“, техника која е надалеку позната во фудбалот при изведувањето на пенали, но која сега за првпат станува актуелна на официјален натпревар.

– Го вежбав овој удар само кога се шегувавме на тренинзите и кога си фаќавме сеир со соиграчите од екипата. Но, овојпат имав оглема самодоверба, па решив да го пробам и на теренот за време на меч. Иако постоеше шанса да испадне многу глупаво, на крајот излезе совршено, – изјавил Јул за „ТВ2 Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни