Поврзете се со нас

Лига Европа

Рафиња беснееше откако беше изваден од игра, Чави воодушевен од реакцијата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona_es

Рафиња беше еден од најдобрите и најактивни играчи на Барселона на денешниот спектакуларен натпревар против Манчестер Јунајтед, но сепак беше повлечен од Чави Ернандес при резултат 2:2.

Бразилецот беше стрелец на голот кој го постави овој резултат кој се покажа и како конечен, но седум минути подоцна, мораше да му го отстаспи местото на Феран Торес и навистина тешко го прифати тоа.

Рафиња беше последната измена направена на вечерашниот меч во Лига Европа, а самиот тој се погрижи да биде и најкоментирана поради жестоката реакција.

Бразилецот еднсотавно збесна и веднаш стави до знаење дека е разочаран од одлуката на Чави, па откако почна да пцуе, продолжи да беснее и на клупата за резерви кадешто беше смируван од Жорди Алба.

– Немам забелешки, ја сфаќам нервозата на Рафиња. Мене ми изгледа навистина многу добро што се налути. Јас го сменив за добро на тимот и го сфаќам моментот на нервоза. Сега дојде да ми се извини, но нема потреба да ми се извинува. Мене ми се допаѓа таков однос од еден фудбалер, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни