Македонија
Работнички го допре дното: Постигна двојно помалку поени од противникот и загуби со 51 разлика

Работнички со многу административни проблеми и со скратен ростер ја отвори новата 2022-ра година, но тоа го направи на начин кој дефинитивно не му доликува на клубот.
Најтрофејниот кошаркарски колектив во нашата земја се соочува со огромна криза и денеска едвај состави тим за да му се спротивстави на Феникс 2010, но без странците и важните играчи тоа изгледаше навистина трагично за Работнички кој претрпе еден од најсрамните порази во својата историја.
Младите играчи на Работнички парираа само во почетниот дел од мечот, а потоа почна да се активира тонењето кое не прекина до самиот крај на средбата.
Играчите на Феникс не покажаа милост кон разнишаниот противник кој се наоѓа во голема криза на стартот на годината, па на крајот постигнаа двојно повеќе поени од Работнички и победија со нестварни 102:51.
Разликата од точно 51 поен остава ужасна слика за кошаркарската гордост од Центар и ова е доказ дека е допрено дното, по што останува да видиме како ќе се развиваат наредните неколку дена и во која насока ќе продолжи да функционира клубот.
-
Францијапред 24 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Светски првенствапред 14 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 21 час
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 17 часа
Леброн откри меѓу кои тројца играчи би бирал за дуел „два на два“ против Џордан и Пипен (Фото)
-
Шпанијапред 24 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)