Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ ќе му врачи отказ на Покетино, познат фаворитот за негов наследник

Објавено

на

Од таборот на ПСЖ и дефинитивно донеле одлука да му врачат отказ на актуелниот стратег на клубот, Маурисио Покетино.

Аргентинецот по неуспешната сезона во Лигата на шампионите ќе си ги спакува куферите и заедно со спортскиот директор Леонардо ќе го напуштат тимот на ПСЖ.

Нов спортски директор на клубот ќе биде Луис Кампос, а тој веќе започнал со својата работа и стапил во контакт со можниот нов тренер на клубот од „Паркот на принцовите“.

Имено, според „Л’Екип“, фаворит за тренерската позиција во ПСЖ во моментов е Кристофер Галтие, тренерерот на Ница кој пред една година стигна до титулата во Лига 1 водејќи го тимот на Лил.

ПСЖ долго време се поврзуваше со ангажман на Зинедин Зидан, но како што стојат работите некогашниот стратег на Реал Мадрид нема да седне на клупата на „светците“ во блиска иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни