Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ испратил богата понуда за ѕвездата на Лацио

Објавено

на

Пари Сен Жермен ги освои сите трофеи на домашната сцена, но остана без најпосакуваниот пехар-тоа е оној во Лигата на шампионите.

Тоа значи сонот се уште не е остварен, што ќе им даде дополнителен мотив на „светците“ да се обидат истиот да го реализираа веќе следната година, но за да се случи тоа потребни се засилувања со оглед на тоа што тимот веќе го напуштија неколку имиња.

Според најновоте информации ПСЖ сака да го улови српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ за кого биле понудени 60 милиони евра. Меѓутоа според „Кориере Дела Сера“, тимот од Рим веднаш ја одбил истата сообразложение дека не е доволна за да претседателот Клаудио Лотито започне преговори.

Весниот тврди дека „бјанкочелестите“ му ветиле на популарниот СМС дека може да си замине ако пристигне вистинска понуда. Ова на ПСЖ во моментов не е доволна за човекот кој од 2015 е дел од Лацио за кого има дадено 39 погодоци на 206 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни