Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го „исклучи“ Мбапе од списокот за турнејата во Јапонија

Објавено

на

Килијан Мбапе ги започна подготовките со Пари Сен Жермен и денеска беше стрелец во победата над Ле Авр од 2-0 со што се доби впечаток дека страстите некако се смируваат, но по се изгледа останува „отворената војна“ меѓу играчот и клубот и најдобар доказ за тоа е што ѕвездата на се најде на списокот на тренерот Луис Енрике за турнејата во Јапонија.

На листата на Енрике се 29 играчи, ама меѓу нив го нема Мбапе за кого е познато дека има различни ставови со клубот, управата околу неговата иднина.

Со ова „светците“ сакаат да му испратат јасна порака дека ќе мора да донесе одлука, да потпише нов договор или да си замине во овој преоден рок, односно неприфатлив е ставот за тоа напаѓачот да остане до 2024 година и потоа да си замине без никако трансфер обештетување.

ПСЖ на турнејата има пријателски сердби со Ал Наср, Серезо Осака, Интер и Чонбук Моторс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни