Поврзете се со нас

Италија

Прва тренерска задача: Де Роси ќе води клуб од Серија Б

Објавено

на

Поранешниот италијански репрезентативец, Даниеле Де Роси ја добива првата тренерска задача и тоа во Серија А.

Де Роси по завршувањето на играчката кариера имаше само една задача и беше дел од стручниот штаб на Роберто Манчини во националниот тим, но сега доаѓа нов предизвик и легендата на „волчицата“ ќе го води СПАЛ.

СПАЛ е тим кој е на 14 место на табелата со 9 бода што значи дека пред Даниеле е сериозен тест и доста работа.

Со ова уште познато, шампионско име е во Серија Б, односно тука се уште Фабио Канаваро, Фабио Гросо, Филипо Инѕаги, но и Џиџи Буфон кој се уште е активен како играч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни