Поврзете се со нас

Шпанија

Промоцијата донесе комична ситуација: Лапорта го помеша Педри со Меси (Видео)

Објавено

на

Барселона денеска одржа свечена промоција на потписот кој го стави младиот Педри, кој и официјално се обврза на верност кон каталонскиот гигант до 2026-та година.

Жоан Лапорта како претседател на клубот го предводеше говорот и го имаше главниот збор пред на ред да дојде самиот фудбалер, но покрај тоа што ја објасни откупната клаузула вредна една милијарда евра, направи и еден лапсус со кој брзо стана вирален хит.

Лапорта беше прилично возбуден од тоа што Барса осигура еден од најголемите таленти на подолг период, но наместо Педри, младиот шпански репрезентативец го нарече Меси.

– Се сеќавам дека при една посета Тегесте ти се потпишав на дресот. Како работите се менуваат сега, сега ти потпишуваш на мое барање. Се сеќавам дека тогаш во Тенерифе посетивме и една црква, дури и попот беше за Барселона и тоа беше навистина спектакуларно. Не ме чуди што Меси….. извинете, не ме чуди што Педри сега е лидер на Барса, – изјави Лапорта.

– Ова е историски ден и затоа сум многу возбуден. Ова момче си го исполни сонот од детството. Го направи тоа благодарение на својот труд, талентот и добрината. Клаузулата е јасен сигнал дека го сакаме засекогаш во Барселона. Клаузулата е поставена на една милијарда евра, но Педри вреди многу повеќе, – додаде Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни