Поврзете се со нас

АТП

Проблем за Ѓоковиќ откако најавите добија и официјална потврда: За да учествувате на Австралија Опен..

Објавено

на

Тоа што се гласно се најавуваше изминатиов период доби и официјална потврда. Невакцинираните тенисери нема да може да настапат на претстојниот Грен- Слем турнир во Мелбурн, Австралија Опен.

Ваквата информација ја потврди директорот на турнирот, Крег Тил кој посочи дека нивната одлука е донесена во насока на барањата од властите во Австралија кои им забраниле на невакцинираните луѓе влез во државата.

– За да дојдете во државата Викторија и да учествувате на Австралија Опен мора да сте вакцинирани. Тоа одамна им е кажано на тенисерите. Сите мора да бидат вакцинирани, и играчите и нивниот тим, -изјави Тил во интервју за австралиските медиуми.

Новак Ѓоковиќ кој е фаворит број еден на турнирот е гласен антиваксер, а медиумите се уште шпекулраат дали тој се вакцинирал или не.

– Тој кажа дека вакцината за него е приватно прашање и дека нема да зборува со нас за тоа. Би сакале да го видиме Новак овде и се надевам дека ќе дојде, -изјави Тил.

Инаку, Австралија Опен на програмата е на почетокот на новата година и ќе се одржи од 17 до 30 јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни