Поврзете се со нас

Свет

Пред четири години ја преживеа авионската несреќа на Шапекоенсе, сега и избега на смртта во нова хорор несреќа

Објавено

на

Светот остана завиен во тага кога пред четири години се урна авионот кој го пренесуваше тимот на Шапекоенсе кој тогаш беше шампион во второто по ранг натпреварување во Јужна Америка.

Во страотната авионска несреќа животот го загубија 71 лице, а само шест останаа живи меѓу кои и Едвин Тумири кој беше вработен во авиокомпанијата која ги превезуваше фудбалерите.

Сега Тумири повторно и избегна на смртта откако беше дел од нова несреќа. Овојпат Тумири беше во автобус кој паднал 150 метри во провалија и во кој се превезувале 50 души од кои 21 починале.

Тумири како што изјави со ползење излегол од автобусот откако забележал дека имал повреда на своето колено.

– Излегов од автобусот ползејќи, седнав и видов дека моето колено беше повредено. Тогаш си реков, „Човече, повторно, не ми се верува“. Се чувствував благословено, -изјави Тумири за медиумите во Боливија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни