Поврзете се со нас

Шпанија

Познати учесниците во ЛШ од Ла Лига: Родриго режираше слалом бравура, Барса го завери второто место (Видео)

Објавено

на

Претпоследното коло во Ла Лига ни донесе многу одговори за местата кои водат во Лигата на шампионите, односно стана познато кои четири екипи ќе играат во најелитното натпреварување наредната сезона.

Уште од претходно познато беше дека таму се Реал Мадрид и Барселона, но со ремито во Мадрид, Атлетико и Севилја си обезбедија сигурно учество во најважното натпреварување во Европа наредната сезона.

Со ремито на меѓусебниот меч (1:1), Атлетико и Севилја го потврдија топ четири пласманот, па сега во последното коло ќе решаваат кој ќе заврши на третото, а кој на четвртото место на табелата бидејќи ги дели само еден бод. Бетис остана покус во оваа трка, па иако денеска победи против Гранада со 2:0, ќе мора да се задоволи само со настап во Лигата на Европа наредната сезона.

Со ремито против Хетафе денеска со најнепопуларните 0:0, Барселона и дефинитивно го завери второто место на табелата, што значи дека си обезбеди место на новото издание на Суперкупот во Шпанија каде веќе се пласираа Реал, Бетис и Валенсија.

Од долниот дел на табелата, друштво на Леванте во Втора лига ќе му прави и Алавес, кој денеска остана без математички шанси за опстанок во последното коло. Во оваа рунда, Кадиз ќе се бори за спас, бидејќи денеска не ги искористи своите шанси против Реал Мадрид.

Фаворитот немаше за што да игра, но и покрај тоа поведе благодарение на соло продорот на Родриго и лесниот гол на Маријано, по што следеше иницијатива на Кадиз. Домашниот тим израмни преку Собрино, но Алваро Негредо не искористи неколку шанси во вториот дел, вклучувајќи и пенал кој му го одбрани резервниот голман Лунин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни