Поврзете се со нас

Лига на нации

Познат е тимот за дуелот со Гибралтар: Милевски направи четири промени во составот (ФОТО)

Објавено

на

Македонија и гостува на Гибралтар во мечот од второто коло во Лигата на нации, меч кој е закажан за 18 часот на стадионот „Викторија“.

Селекторот Благоја Милевски се реши да ротира, па така има четири промени во однос на стартниот тим против Бугарија каде ремизиравме 1-1 во Разград. Имено на голот Дејан Илиев ќе го замени Столе Димитриевски, промени има и во дефанзивната линија каде стартер ќе биде Тодор Тодоровски, додека партнер на Висар Муслиу во срцето на одбраната ќе му биде Никола Серафимов од Залаегерсег.

Во почетната единаесетка ќе биде и Бобан Николов кој добива предност пред Дарко Чурлинов.

Стартери се уште Алиоски, Елмас, Барди и напаѓачкото дуо Милан Ристовски-Александар Трајковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни