Поврзете се со нас

Европски првенства

Потврдено е најлошото сценарио: Ибрахимовиќ нема да игра на ЕП

Објавено

на

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ нема да биде дел од составот на Шведска за Европското првенство кое се игра од 11 јуни до 11 јули.

Ибрахимовиќ се повреди на дербито со Јувентус и првите прогнози беа позитивни, односно дека ќе пропушти неколку лигашки средби, ама ќе може да биде подготвен за предизвиците со репрезентацијата.

Сепак ситуацијата е посериозна, па самиот напаѓач го информирал селекторот Јане Андерсон дека нема да биде фит и подготвен за престојниот шампионат.

-Денес, Златан го извести Јане Андерсон дека неговата повреда ќе го спречи да учествува на ЕП ова лето. Закрепни Златан, се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме на фудбалскиот терен, -порачаа од шведската федерација.

Шведска е во групата Е заедно со Шпанија, Полска и Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни