Поврзете се со нас

Балкан

Поранешен тренер на МЗТ Скопје е именуван за нов предводник на Цедевита Олимпија

Објавено

на

foto:twitter.com/KKCedOL

Најдобрата екипа од Словенија, Цедевита Олимпија направи промена на тренерската позиција која повеќе нема да ја извршува италијанскиот струњак, Симоне Пјаниџани.

Пјаниџани има здравствени проблеми и по консултациите со клубот ја напушти функцијата која ја извршуваше од месец јуни, место на кое не се прослави затоа што го освои Супер Купот на Словенија, но потоа имаше лоши резултати во Супер Купот на АБА лигата, во регионалното друштво обезбеди 10 победи на 14 средби, додека пак во Еврокупот не успеа да донесе ниту еден триумф на 13 средби.

Клубот од кој дел е нашиот Владо Илиевски експресно најде замена и тоа во името на Зоран Мартиќ, тренер кој во минатото го водеше МЗТ Скопје со кого во сезоната 2013/14 ја освои двојната титула во нашиот шампионат.

Ова за Мартиќ е враќање во Олимпија во која работеше како асистент од 2008 до 2010 година, а потоа и ја водеше во 2018 година.

Договорот е до крајот на актуелнава кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни