Поврзете се со нас

Формула 1

Пол-позиција за Ред Бул во Абу Даби: Ферстапен ги фрли во втор план болидите на Мерцедес

Објавено

на

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ќе тргне од позицијата број еден на утрешната трка за Големата награда на Абу Даби.

Макс беше фантастичен во завршната квалификациска сесија и со супер брз круг успеа да ги остави зад себе болидите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Ова за Ферстапен е прва пол позиција во 2020 година и тоа дефинитивно донесе радост и задоволство како кај него така и кај сите оние кои работат во таборот на Ред Бул.

-Ова е долга сезона за сите и ова беа одлични финални квалификации за целиот тим. Сите сме многу среќни и навистина е одлуччно што конечно стигнавме таму откако многупати бевме блиску во 2020 година, -истакна Ферстапен.

Ботас и Хамилтон утре ќе тргнат од второто и третото место, четврти е Норис, а од петтата позиција ќе стратува Албон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни