Поврзете се со нас

Франција

Покетино по првите загубени бодови во Париз: Секој ден сме се посилни

Објавено

на

Пари Сен Жермен иако важеше за фаворит не успеа да ги освои трите бода на пресметката против Ница (0-0) што значеше дека „светците“ за првпат сезонава загубија поени на домашен терен во Лига 1.

ПСЖ ја имаше топката во своите нозе, создаваше шанси, меѓутоа реализаицијата не беше на посакуваното ниво. Сепак и покрај ремито тренерот Маурисио Покетино е задоволен и според него екипата од ден на ден е се посилна и посилна.

-Одигравме онака како што треба да играме со можностите што ги имавме денеска. Секој ден, малку по малку, стануваме посилни. Лидери сме во Лига 1, влеговме во осминафиналето во Лигата на шампионите. Треба да продолжиме да ја подобруваме нашата игра за да бидеме подготвени за решавачките моменти, -рече Покетино.

-Имавме повеќе посед од Ница, бевме подобри од нив. Освоивме три бода. Ни недостигаше прецизност, некогаш топката ќе влезе, некогаш не, -дополни Аргентинецот.

Актуелниот лидер во Франција во наредното коло му гостува на Ленс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни