Поврзете се со нас

Франција

Покетино го избра Меси, Нејмар и Мбапе му се налутиле

Објавено

на

Тренерот Маурисио Покетино е пред доста голема задача, предизвик во оваа сезона, а тоа е да го направи Пари Сен Жермен победниички тим, состав кој освен што ќе доминира во Франција конечно ќе дојде и до пехарот во Лигата на шампионите.

За таа цел во летниот преоден рок беа донесени многу познати имиња, класа играчи од кои најголемо е Лионел Меси. Аргентинецот допрва треба да се вклопи во системот на игра, но Покетино без разлика на тоа го посочи сонародникот како играч кој залужува да ја добие „Златната топка“ за 2021 година.

Ова не им се допаднало на Нејмар и Килијан Мбапе кои имаше прашање за тренерот на оваа тема.

-Имав проблем бидејќи реков дека Меси треба да ја освои Златната топка. Подоцна Нејмар и Мбапе ме прашаа зошто тие да ја освојат… Во секој случај би било одлично да ја освои било кој играч на Пари Сен Жермен, но мислам дека Меси го заслужува тоа,-низ смеа изјавил Покетино.

Големата тројка на „светците“ се најде во потесниот круг за изборот на оваа престижна награда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни