Поврзете се со нас

Балкан

Подолски асистира, Јаховиќ реализира за победа на Анталијаспор (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Адис Јаховиќ го постигна првиот гол во натпреварувачката 2020/2021 во првата лига на Турција, погодок со кој донесе три бода за Анталијаспор во битката со Анкарагучу.

Домаќините славеа со 1-0, а моментот вреден три бода се случи во завршницата на првиот дел кога Лукас Подолски испрати одлична топка во празно за нашиот Јаховиќ кој одлично ја исконтролира, истрча до крај и со одмерен удар ја смести во мрежата на гостите.

Ова за Анталијаспор беше трета победа, вкупно 13 бод со што се наоѓа на 11 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни