Поврзете се со нас

Лига на нации

Подарок на Естонците: Македонија поведе рано во Талин со бизарен гол (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација брзо дојде до посакуваното водство на гостувањето кај Естонија, во натпревар од групата во Лигата на нации.

Селекторот Игор Ангеловски се реши на комбиниран состав за оваа средба, во кој има многу промени од тој во триумфот над Косово, а гостите не честеа со автогол уште во почетните минути.

Естонскиот дефанзивец Кукс се обиде да ја врати топката до својот голман, но тој беше далеку од предвидената позиција и не успеа да спречи гол за нашата репрезентација.

Македонија го започна натпреварот со Шишковски, Ристовски, Зајков, Ристевски, Алиоски, Спировски, Николов, Хасани, Костадинов, Трајковски и Тричковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни