Поврзете се со нас

Англија

По Санчо, Јнајтед подготвува нова „бомба“: Тргнува по ангажман на играч од средниот ред

Објавено

на

Од таборот на Манчестер Јунајтед напорно работат на комплетирањето на тимот за следната сезона. Јасно е дека Оле Гунар Солскјер мора да донесе неколку квалитетни засилувања со цел да му парира на Манчестер Сити, па и на останатите ривали од Премиер лигата во битката за освојување на титулата во англискиот шампионат.

Како што стојат работите, договорот на Џејдон Санчо конечно е пред реализација и само прашање на време е кога двата клуба и официјално ќе си пуштат рака.

Сега „Дејли Мејл“ пренесува дека МанчестерЈунајтед е во потрага по играч од средниот ред, па штом го комплетираат трансферот на Санчо ќе тргнат по услугите на младиот фудбалер на Рен, Едуардо Камавинга.

Камавинга е посочен како еден од најдобрите млади фудбалери, па не чуди што за него интерес има од најдобрите тимови во Европа меѓу кои се и ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона.

Сега Јунајтед се насочил кон ангажман на играчот кого го гледаат како замена за Погба во средината на теренот и ќе се обидат да го ангажираат уште во овој летен преоден рок. Младиот играч има само уште една година од договорот со Рен, па „ѓаволите“ сакаат да го искористат тоа и да го донесат во своите редови каде оваа година би имал нешто помала минутажа и би се подготвувал за настапите од следната сезона кога Погба веројатно ќе си оди од клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни