Лига на шампиони
Пиоли не го одгатна најпоставуваното прашање пред полуфиналето со Интер: Ќе биде сѐ или ништо за него
Претставниците од двата табори од Милано се подготвуваат за големото „Дерби дела Мадонина“ кое утре ќе се игра во полуфиналето во Лигата на шампионите, па на еден ден пред натпреварот, дојдоа и првите официјални најави од прес-конференциите.
Милан влегува со голема самодоверба во градската пресметка откако во претходните рунди ги елимираше Тотенхем и Наполи, но во пресрет на првиот натпревар, се уште голема непозната е дали ќе игра Рафаел Леао.
Точен одговор не даде и тренерот Пиоли, кој на италијанските новинари не сакал да им го одгатне најпоставуваното прашање, за кое заинтересирани се и големите фанови на Милан.
– Леао притиска со сите сили, ќе продолжи да притиска и утре наутро на тренингот. Ако помине добро, ќе игра. Се уште се отворени сите опции. За него, ќе биде се или ништо. Ако може да стартува, ќе игра, ако не, нема да биде ниту на клупата, – порачал Пиоли.
– Ова ќе биде најголемиот предизвик за нас оваа сезона. Ова е полуфинале во Лигата на шампионите и ќе биде многу тешко, ќе се играат 180 минути, ќе се решава на реваншот. За многумина, Интер влегува како фаворит, но ние ќе излеземе да играме и победиме. Ги елиминиравме Тотенхем и Наполи, сметаме дека можеме да елиминираме било кој, – завршува Пиоли.
-
Шпанијапред 23 часа
Чуамени ја сподели легендарната изрека на Коби по освоената титула во Ла Лига (Видео)
-
АТПпред 12 часа
Тони Надал: Рафа живее нормален живот, Ѓоковиќ…
-
Светпред 24 часа
Португалија го доби новиот шампион: Лисабон обоен во зелено (Видео)
-
Германијапред 17 часа
Зидан се огласи и ги разреши сите дилеми околу тренерската позиција во Баерн
-
Светпред 24 часа
Гвардиола со проштално писмо се прости од аргентинскиот „Флако“: Малкумина ви даваат толку многу во животот!
-
Светпред 11 часа
Лаутаро за Меси: Тој како да игра друг спорт, прави работи…
-
Англијапред 11 часа
Пораз кој боли: Кристал Палас го понижи Јунајтед на „Селхрст Парк“(ВИДЕО)
-
Францијапред 21 час
Макрон: Се сретнав со таткото на Мбапе и го добив одговорот што го сакав