Поврзете се со нас

НБА

Петровиќ за изјавата на Кукоч за Јокиќ: Тој е крајно поврзан со Дивац…

Објавено

на

Никола Јокиќ веќе некое време доминира во НБА лигата, двапати беше прогласуван за МВП, а во минатата сезона го одведе тимот до историска титула, но без разлика на овие успеси, резултати, легендарниот Тони Кукоч го стави центарот во втор ред зад Дивац и Дино Раѓа.

Кукоч порача дека Никола се уште не е навото на Дивац и Раѓа, изјава со која предизвика многу внимание, коментари, па дури „Спортски Журнал“ ја повлече веста „Јокиќ не е најдобар“.

Кукоч предизвика жестока дебата со ставот за Јокиќ, медиумот ја повлече изјавата и ги збуни фановите

Меѓутоа сето ова отиде во јавност, па околу актуелната тема свој став даде и Александар Петровиќ.

-Мислам дека почнавме да живееме во демократско општество. Кукоч има право на свое мислење, јас лично мислам дека е крајно поврзан со Дивац. Едноставно, треба да се почитува, без разлика што многумина од нас мислат поинаку. Мислам дека ова што го прави Јокиќ е нешто што е фантастично, неповторливо и дека тој е најдобриот центар на светот во моментов, -порача Петровиќ за „Спорт Клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни