Поврзете се со нас

НБА

Кукоч предизвика жестока дебата со ставот за Јокиќ, медиумот ја повлече изјавата и ги збуни фановите

Објавено

на

Тони Кукоч минатата недела беше актуелен поради гостувањето во Белград за промоцијата на документарниот филм за неговата кариера, следеше и натпревар на Партизан од чии навивачи доби импресивен прием во „Арена“, а очекувано имал комуникација и со дел од српските медиуми.

„Спортски Журнал“ објави интервју кое предизвика внимание поради еден од одговорите на Хрватот, а во кој зборувал за Никола Јокиќ и дали тој е најдобриот центар од овие простори кој играл во НБА.

– И покрај импресивната статистика, Јокиќ се уште не е на нивото на Владе Дивац и Дино Раѓа. Дивац пред 30 години ја изненади Америка со начинот на кој ја водеше топката, додека Раѓа можеше да фати топка под својот кош и екпресно да поентира на другата страна, – наводно изјавил Кукоч, а ваквиот став донесе многу критики и контра ставови на адреса на поранешната НБА ѕвезда.

Неколку дена по предизвиката бура, српскиот медиум излезе со став дека ја повлекува изјавата, затоа што таа не била снимена во 20-минутниот материјал од интервјуто и е неавторизирана од Кукоч. Медиумот им се извини на читателите и на Кукоч, но се чини дека сега е предоцна, бидејќи како и вообичаено демантот нема да стане вирален како пренесената изјава.

– Во врска со интервјуто во „Спортски Журнал“ со Тони Кукоч и насловот „Јокиќ не е најдобар“, направен е професионален пропуст кој предизвика големи реакции.

Изјавата на Кукоч не беше аудио снимена во 20-минутното интервју за „Спортски Журнал“.

Поради оваа причина, „Спортски Журнал“ е должен да го повлече насловот „Јокиќ не е најдобар“ како неавторизирана изјава на Тони Кукоч.

Извинување до Тони Кукоч и читателите, – стои во соопштението на медиумот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни