Поврзете се со нас

Свет

Пешевски и Штутгарт ставија крај на лошата резултатска серија

Објавено

на

Штутгарт на нашиот репрезентативец Жарко Пешевски конечно стави крај на лошата резултатска серија и осумте порази во низа во сите конкуренции.

Имено Жаре и неговиот соиграчи беа без победа во Германија (лига и Куп) од 2 декември кого го совладаа Минден со 35-31, но тоа вечерва се промени и тие во својот дом го добија Бергишер со 27-26. Домаќините создадоа предност од три погодоци по првите 30 минути, па таа самодоверба ја пренесоа во вториот дел во која имаа максимална контрола на резултатот и на крајот созема заслужено дојдоа до 5. триумф во 21 натпревар во Бундеслигата.

Пешевски даде два гола од три обиди, најефикасен беше Милер со девет погодоци.

Во следното коло имаме македонската пресметка, Жаре ќе го пречека Филип Миркуловски кој е дел од Вецлар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни