Поврзете се со нас

Македонија

Перфектни квалификации за ПСС Рејсинг на Нирбургринг

Објавено

на

Двајцата возачи на ПСС Рејсинг влегоа во втората сесија меѓу 12 најбрзи пилоти на петтиот гран при викенд од европското првенство за возила со ТЦР хомологација.

Франко Џиролами го избори второто место на стартот, веднаш зад Исидро Каљехас кој исто така вози Хонда Сивик, но за ривалскиот тим „Брутал фиш“.

Виктор Давидовски на квалификациите имаше 9 место од сите 12 возачи, а зад него се најде Џек Јанг, исто така со Хонда Сивик од „Брутал фиш“, а според правилата првите 10 ги ротираат своите места, па Јанг и Давидовски ќе бидат во првиот стартен ред на утрешната трка.

Лидерот во првенството Микел Аскона денес ќе стартува петти, а утре шести.

Првата трка е на програмата в сабота во 14.55 со директен пренос на „Телевизија 24“, додека утре втората трка е од 12.50 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни