Поврзете се со нас

Шпанија

Перез со експресен одговор на новинарско прашање: Што ќе се случи ако секне изворот „Бензема“?

Објавено

на

Флорентино Перез се израдува на уште една титула како прв човек на Реал Мадрид и полека се приближува до рекордот на трофеи од неповторливиот Сантијаго Бернабеу, статистика која е интересна за новинарите, но не и за претседателот на „кралскиот клуб“.

Перез говореше со голема почит за фудбалскиот симбол за Реал Мадрид и отфрли било какви споредби со него, но во првото блиц интервју по финалето со Ајнтрахт, даде и кратки и прецизни одговори за случувањата на трансфер пазарот.

– Јас не можам да се споредувам со Бернабеу. Тој е креаторот на овој клуб, креаторот на оваа историја и тоа е поголемо од било која титула. Јас само се обидувам да бидам на нивото кое го поставил тој, ништо повеќе од тоа.

– Освоивме нов трофеј, имаме тим за големи дострели. Треба само да продолжиме да работиме како досега и добро да го менаџираме тимот. Во овој момент, не планираме ниту едно засилување до крајот на летниот преоден рок, – изјави Перез, по што новинарот го запраша кој ќе биде неговиот следен потег кога ќе секне изворот „Бензема“.

– Да секне Бензема? Па погледнете какви други играчи имаме во нападот. Воопшто не сум загрижен за тоа, а нема ни потреба. Бензема требаше да ја освои „Златната топка“ и минатата година, а за оваа веќе никој не дискутира и сите знаат дека ќе му припадне нему, – изјави Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни