Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер му „откина“ два бода на Силекс пред предизвикот во ЛШ

Објавено

на

Пелистер како повратник во првата македонската фудбалска лига остана непоразен и во второто коло, откако денеска освои голем бод на едно од најтешките гостувања.

Силекс има силен тим и кратовчани се наши претставници во фудбалска Европа, но денеска немаа решение за незгодните гости од Битола кои иако губеа со 2:1, на крајот се изборија за драгоцен бод.

Во пресрет на дуелот со Карабах во Лигата на шампионите, играчите на Силекс одиграа исклучително офанзивен натпревар против Пелистер, но на крајот мора да се задоволат само со реми.

Резултатот го отвори гостинскиот тим преку голот на Фазлиу во раната фаза во шестата минута, додека пред крајот на првиот дел, Силекс израмни преку Мустафов за 1:1.

Домашниот тим направи пресврт и поведе со 2:1 преку Ивановски во 53-та минута, но на 15 минути пред крајот, битолчани го возвратија ударот и израмнија со голот на Танушев кој маестрално биеше од слободен удар.

По две одиграни кола, и двата тима имаат по четири освоени бода, па во овој момент и Пелистер и Силекс се на делба на првото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни