Поврзете се со нас

Франција

Откриени зборовите кои расистот Алваро му ги испратил на Нејмар (Видео)

Објавено

на

Бразилецот Нејмар заработи суспензија од два меча поради испадот кој го имаше на натпреварот против Марсеј, но една седмица по немилите сцени, полека се расветлува и случајот со главниот провокатор на големото француско дерби.

Стоперот Алваро Гонзалез го заврши натпреварот и мина без казна од официјалниот судија за своите ниски провокации, а денеска стана јасно дека Нејмар не измислувал и дека Шпанецот навистина расистички го навредил Бразилецот за време на една дискусија на теренот.

Ова го откри угледниот „Телефут“ кој приложи и видео докази, со напомена дека при транскрипцијата на навредата се користени експертизи од страна на луѓе чија професионалност е да читаат зборови од усни.

– Мајмунско срање, – гласи раситичката навреда која сега ја открива „Телефут“, а поради која стоперот Алваро сега го чека жестока казна.

Во средата беше објавено дека највисока казна има Курзава кој нема да игра на шест натпревари, но сега се најавува дека казната на Алваро ќе биде уште поголема и може да изнесува од 10 до 12 меча.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни