Поврзете се со нас

Англија

Откако се појавија шпекулациите за Конте, веднаш со коментар се огласи Невил: Можеби утре ќе го донесат…

Објавено

на

Станува и повеќе од јасно дека Оле Гунар Солскјер наскоро ќе заработи отказ од редовите на Манчестер Јунајтед.

Причината за тоа се катастрофално лошите резултати на клубот кој инвестираше многу во тимот ова лето, но не успеа да ги постигне зацртаните цели, па уште на стартот на сезоната полека испаѓа од трката за титулата во Премиер лигата.

Според дел од медиумите, Солскјер би можел да заработи отказ и во текот на оваа недела, односно пред почетокот на натпреварот со Тотенхем, а како главен кандидат за негов наследник се споменува Антонио Конте кој е слободен по заминувањето од Интер на крајот на минатата сезона.

Сепак, Гери Невил смета дека Конте не се вклопува во Манчестер Јунајтед затоа што е тренер кој ги напушта сите клубови кои ги води за само две години.

– Нема да донесат таков тренер повторно. Тренер кој доаѓа и завршува работа за две години. Конте е слободен, но јас не би го донел во Манчестер Јунајтед.

– Не верувам дека Конте е добар за Манчестер Јунајтед. Можеби грешам, можеби утре ќе го донесат и јас ќе го поддржам, но видовме дека таков тренер со специфичен стил, како Луи Ван Хал не припаѓа овде, -изјави Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни