Поврзете се со нас

АТП

Олимписка бајка: Четворица Хрвати ќе се борат за златниот медал во Токио

Објавено

на

Наспроти четвртфиналните возбудувања во сингл конкуренција, денеска на програмата беа и двете полуфинални битки во дубл конкуренција, а епилогот од двете пресметки ни донесе историја за Хрватска на едни Олимписки игри.

Во големото финале во тенискиот турнир во двојки во машка конкуренција ќе гледаме дури четири Хрвати, бидејќи Марин Чилиќ и Иван Додиг ќе ги одмерат силите со своите добри пријатели Мате Павиќ и Никола Мектиќ.

Првите двајца беа подобри од новозеландскиот пар Даниел-Венус, додека победниците на последното издание на Вимблдон ја оправдаа фаворитската улога против Американците Крајичек и Сандгрен.

На овој начин, четворицата тенисери пишуваат хрватска и олимписка историја, бидејќи за првпат по 1908-ма година, дел од тениско финале ќе бидат исти сонародници.

За првпат после 113-години, играчи од иста земја ќе ги одмерат силите на еден завршен меч во игра на двојки, нешто што претходно се има случено само во 1904-та и 1908-ма година. Првиот пат играле Американци, вториот Британци, а сега на програмата ќе бидат четворицата Хрвати кои режираа неверојатна олимписка бајка.

Едно е сигурно, Хрватска си обезбеди златен и сребрен медал од овој турнир, па сега останува да видиме на чии гради ќе завршат споменатите одличја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни