Поврзете се со нас

Македонија

Ново заминување од „црвено- црниот“ табор: Уште еден ракометар си оди од Вардар

Објавено

на

Германскиот интернационалец од редовите на Вардар, Кристијан Дисингер и дефинитивно ќе си замине од Скопје по крајот на оваа сезона.

Левиот бек ќе го напушти „црвено црното“ семејство по три сезони поминати како играч на тимот на Вардар со кого ја освои и титулата во Лигата на шампионите.

Германецот во изјава за медиумите во неговата земја потврдил дека нема да му биде продолжен договорот со Вардари дека од следната сезона тој ќе има нов клуб.

Левиот бек не успеа да се наметне како стандардно решение за левата бековска позиција во Вардар најмногу поради честите повреди кои ги заработуваше во текот на неговиот престој во Скопје.

Вардар на левата бековска позиција го има Васко Шеваљевќ кој ќе остане и следната година откако потпиша двегодишен договор со скопскиот тим, а него друштво ќе му прави Хрватот, Анте Кудуз кој во Скопје ќе пристигне по крајот на оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни