Поврзете се со нас

Македонија

Ново име во таборот на прволигашот: Фрајдеј ќе го чува кошот на Гостивар (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар се одлучи да направи промени во играчкиот кадар по лошиот старт на сезоната каде забележа само три победи на првите шест натпревари во шампионатот, па така си заминаа Малколм Армстед и Стаки Мозли, но дојде и едно ново име-тоа е Џелоун Фрајдеј.

Фрајдеј има 24 години, висок е 206 сантиметри и игра на позициите 4 и 5 што значи ќе го чува кошот на Гостивар. Американецот во новата средина доаѓа од хрватски Јажине каде имаше просек од 13,7 поени, 6,8 скокови и 2,2 блокови на десетте мечеви кои ги одигра во оваа средина.

Претходно во Европа има настапувано за кипарски АПОЕЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни