Поврзете се со нас

НБА

Новинарско прашање ја уништи шампионската прослава на Кари, ѕвездата на „воините“ удираше по масата (Видео)

Објавено

на

Стеф Кари им ја затна устата на големите критичари и го водеше Голден Стејт до нова титула во НБА лигата, но за првпат во кариерата, го доби и трофејот „Бил Расел“ кој му се доделува на најдобриот играч во финалната серија.

Трипати досега му бегаше МВП наградата во финалињата и истата завршуваше во рацете на неговите соиграчи Андре Игудала и Кевин Дурант (двапати), но Кари одигра клучна улога при осигурувањето на четвртиот шампионски прстен и сосема заслужено беше избран за најдобар.

Лидерот на „воините“ со солзи во очите се радуваше на големиот успех, прв по пауза од четири години во кои мина и низ навистина тешки моменти поради тешката повреда која ја санираше, но и поради проблемите кој ги имаше Голден Стејт како тим.

Кари на големо го славеше шампионскиот трофеј со своите соиграчи и стана само 11-ти играч во историјата кој е избран за МВП во регуларниот дел од сезоната, во НБА финалињата и во НБА Олстарот, но сепак се налути на првото прашање кое му го постави новинарката на прес-конференцијата.

– Стеф, што значи за вас тоа што конечно сте МВП во едно финале, – гласеше прашањето, по кое Стеф се разлути и дури и мавна по масата.

– Заборавете на тоа, ние сме прваци. Зошто почнувате со тоа прашање? Ние имаме четири шампионски прстени. Бог е голем и имав можност да играм со неверојатни соиграчи. Дадовме се за да стигнеме до целта, беа тешки три години, имавме повреди, го менувавме ростерот, дојдоа млади момци. Верувавме дека можеме да се вратиме на големата сцена и да победиме. И да не успеевме, никој не можеше да ни каже ништо. Јас, Дрејмонд, Клеј и Андре имаме по четири прстени, но ова е посебно, верувавме и работевме за ова. Сите во соблекувалната се важни за овој успех, горд сум на сите, – изјави Кари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни