Поврзете се со нас

ВТА

Новата владетелка во Њујорк со легендарен говор по титулата на Ју-Ес Опен: Ви благодарам хејтери! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Коко Гоф го оствари најголемиот успех во својата кратка професионална кариера, која дефинитивно има светла иднина со оглед на тоа што Американката на само 19 години ја освои првата грен слем титула.

Талентираната Гоф ја победи Арина Сабаленка во финалето на Ју-Ес Опен и триумфираше пред домашната публика на Артур Еш стадионот, но по најголемиот успех, не заборави да ги поздрави Твитер критичарите и хејтерите на социјалните мрежи.

Гоф одржа еден од највпечатливите говори во финалињата на грен слем турнирите, бидејќи јавно ги „поздрави“ сите луѓе кои и биле дополнителна мотивација да стигне до посакуваната цел.

– Им благодарам на сите кои не веруваа во мене. Пред еден месец освоив турнир од серијата 500 и ми рекоа дека тоа е тоа, не можам повеќе. Една недела подоцна, го освоив Мастерсот од 1000, па велеа дека не можам подобро од тоа. Три седмици подоцна, еве ме тука со трофејот. Ви благодарам, – порача Гоф, која продолжила и на пресот.

– Ги читав коментарите на Твитер заедницата, луѓето мислат дека не ги читам, но јас внимателно следам што се случува со тенисот на Твитер. Им ги знам и корисничките имиња, знам кој зборува глупости и едвај чекам да го отворам Твитер за да видам што се пишува сега, – изјавила Американката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни