Поврзете се со нас

Англија

Нов удар за Манчестер Јунајтед: ПСЖ им го краде планираното засилување

Објавено

на

Манчестер Јунајтед никако не успева да обезбеди засилување во пресрет на новата натпреварувачка сезона која за нив официјално ќе започне на 7ми август.

„Ѓаволите“ мака мачат да обезбедат нови имиња, иако во јавноста има шпекулации дека веќе преговараат со некои играчи.

Во јавноста се појавија информации дека Јунајтед притиска за ангажман на фудбалерот на Порто, Витиња, кој бил една од опциите на клубот за средниот ред.

Но, како што стојат работите Тен Хаг ќе остане и без ова засилување затоа што Витиња веќе се договорил со тимот на ПСЖ.

Фудбалерот кој бил голема желба на новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос, ги прифатил условите на францускиот клуб и за реализација на трансферот се очекува само двата клуба да постигнат конечен договор за трансфер обесштетувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни