Поврзете се со нас

Формула 1

Нема крај на драмата: Мерцедес достави жалба до повисока инстанца по одлуката на стјуардите (Фото)

Објавено

на

Стјуардите на ФИА ја потврдија одлуката на дирекцијата на трката во Абу Даби и ги отфрлија двете жалби на Мерцедес, со кои тимот што ја освои конструкторската титула ја обжали освоената титула на Макс Ферстапен во поединечна конкуренција.

Водечките луѓе на Мерцедес предводени од Тото Волф експресно одговорија на најновата одлука на стјуардите на ФИА, најавувајќи дека ќе продолжат да бараат правда од повисоките инстанци за случувањата во претпоследниот и последниот круг на трката во Абу Даби.

Мерцедес ја смета за спорна одлуката на директорот на трката Мајкл Маси за повлекување на возилото за безбедност во претпоследниот круг, а наведува и некоректното возење на Макс Ферстапен. Иако двата протести беа одбиени четири часа по доставување на истите, вечерва пристигна информација дека Петронас тимот нема да застане тука.

Конечна одлука: Дирекцијата на трката се огласи за двете жалби на Мерцедес (Фото)

Преку своите официјални гласила, Мерцедес изрази намера и најави дека ќе се жали на следната повисока инстанца откако дирекцијата на трката не ги уважи нивните жалби, па во случајот станува збор за меѓународниот суд за жалби на ФИА.

Мерцедес има рок од 72 часа да испрати официјална жалба со детално објаснување, додека Формула 1 треба да одговори во период од 96 часа, рок кој е последен за одредување на новиот шампион во „најбрзиот циркус“. Засега тоа и натаму е Макс Ферстапен, но Мерцедес ги користи сите можни ресурси за да го оспори тоа на административната маса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни