Поврзете се со нас

Свет

Неговиот татко до скоро тресеше мрежи, сега е негов ред: Синот на Ето со два гола се претстави на фудбаслката јавност (Видео)

Објавено

на

Самуел Ето важи за еден од најдобрите камерунски фудбалери во историјата, а неговото име ќе остане долго запаметено во фудбалот по неговите подвизи кои ги постигна на клупски план носејќи ги дресовите на Интер, Барселона, Челси…

Една година по неговото официјално пензионирање, на фудбалската сцена полека стапува неговиот син, Етиен кој со два гола на натпреварот помеѓу у20 селекциите на Камерун и Мозамбик се претстави на фудбалскиот аудиториум.

Етиен има 18 години и игра во младинските категории на Реал Овиедо, а веќе стигна да го носи и дресот на у20 репрезентацијата на Камерун.

На натпреварот против Мозамбик младиот фудбалер постигна два погодоци и беше асистент на еден од головите во победата од 4:1 на неговиот тим. Со ваквиот подвиг тој го сврти вниманието кон себе, па сега фудбалската јавност почесто ќе ги следи неговите настапи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни