Поврзете се со нас

Евролига

Најплатените играчи во Евролигата за оваа сезона, ѕвездата на Партизан е во Топ 3

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Во четврток започнува новата сезона во Евролигата, најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент.

И оваа година 18 екипи ќе се борат и ќе се обидат да направат голем резултат, бидат најдобри во Европа или поточно кажано 17 тимови ќе се обидат да го симнат Реал Мадрид од врвот.

Пред почетокот на шампионатот, специјализираниот кошаркарски сајт „Јурохупс“ ја објави топ листата на играчи кои ќе бидат најплатени во актуелнава кампања.

Број еден е асот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин кој е неприкосновен со заработка од 4 милиони долари. Втората позиција е резервирана за новото засилување на Панатинаикос, Костас Слукас (2,8), а место на „подиумот“ има и за Кевин Пантер од Партизан (2,6 милиони евра).

Потоа следуваат Никола Миротиќ (2,5), Дариус Томпсон (2,3), Вили Ернангомез (2,2), Торнике Шенгелија и Хуанчо Ернангомес (2,1), потоа Вил Клајбурн, Мајк Џејкс, Николо Мели, Шабаз Нејпир, Кевин Пангос и Томаш Саторански со по 2 милиони долари,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни