Поврзете се со нас

Македонија

Нафиу донесе драматична победа за Шкендија, Скопје ја спаси честа на гостинските екипи

Објавено

на

Составот на Шкендија на драматичен начин дојде до трите посакувани бода на денешната пресметка против Тиквеш во Првата македонска фудбалска лига.

Гостите од Кавадарци беа на чекор, минути од изненадување на средбата во Тетово, но домаќините пронајдоа начин и во судиското продолежение преку Нафиу дојдоа до победа од 2-1. Со ова „црвено-црните“ се зацврстија на третата позиција зад Академија Пандев која денеска славеше над Струга со 1-0 со голот на Шаркоски во првото полувреме.

Брегалница во Штип беше подобра од Борец со 3-0, додека честа на гостите на денешните мечеви од 23. коло ја спаси Скопје. Имено четата на Љупчо Марковски се избори за реми против залетаната Македонија Ѓорче Петров во градската скопска пресметка.

Првиот дел ги донесе најзначајните моменти, Хајдари во 3 минута погоди за водство на Скопје, Воша пак одговори во 16 кога всушност и ги постави конечните 1-1.

Вчера Шкупи го надигра Работнички со 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни