Поврзете се со нас

АТП

Надал со интересна теорија: Победите на Рафа и Новак не се добри за тенисот

Објавено

на

Втората половина од четвртата деценија во животот обично значеше залез и крај на една тениска кариера, но благодарение на соверемените медицински методи и напредокот во рекуперацијата, оваа граница е поместена.

Најдобар доказ за тоа беше Рожер Федерер кој освојуваше трофеи длабоко во четвртата деценија, но истиот пример сега го следат и Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Иако има налет од неколку извонредни млади тенисери и се повеќе до израз доаѓа Карлос Алкарас, Тони Надал е загрижен од недостигот на вистински резултати на најголемите турнири, бидејќи и оваа година три од четирите грен слема им припаднаа на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Тони излезе со интересна теорија и потенцира дека победите на Рафа и Новак на 35 и 36 години не се добри за тенисот, бидејќи ако продолжи тој тренд, тоа значи дека нивните ривали се навистина слаби.

– Актуелното ниво на игра на Рафа е послабо од она во 2008-ма и 2011-та година. Поради недостатокот на континуитет, поради физичката состојба и проблемите кои ги имаше, невозможно е да прави споредба со нивото од тие две години. Истото важи и за Ѓоковиќ, тој не е ист како во 2011-та и 2015-та година. Концентрацијата често му паѓа, ударите не му се толку одлучни.

– И покрај тоа, Рафа и Новак се уште победуваат, а тоа е лош знак за тенисот. Тоа не е добро, ако победат да победуваат играјќи лошо, реалнсота е очигледна. Ако победуваш кога не си на највисоко ниво, тоа значи дека ривалите се малку лоши. Јас сум убеден дека Надал од 2008-ма и 2011-та година би го победил овој Надал денес. Мислам дека и Рафа го мисли тоа. Тогаш беше многу побрз и доста помлад и тоа не може да се врати, – вели Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни