Поврзете се со нас

АТП

Надал се повлече од Вимблдон и нема да игра во полуфиналето!

Објавено

на

Рафаел Надал повторно отвори сомнежи околу здравствените проблеми кои ги имаше на вчерашното четвртфинале на Вимблдон, но вечерва стави крај на сите дилеми и одговор добија сите оние кои се сомневаа дека лажира повреда.

Шпанскиот тенисер донесе разочарувачка вест по одработениот тренинг вечерва во Ол Ингланд клубот, оценувајќи дека ќе биде преголем ризик да игра во полуфиналето на Вимблдон кое е закажано за утре.

Освојувачот на годинешните изданија на Австралија Опен и Ролан Гарос се повлекува без борба и Ник Кирјос за првпат во кариерата ќе игра грен слем финале, а воедно ова значи дека утре ќе гледаме само едно полуфинале на Вимблдон, она меѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори.

Надал има руптура од седум милиметри на мускул во абдоминалниот дел од телото, повреда која го натера да се повлече од турнирот иако имаше огромна желба да се бори до крај, нешто што веќе го направи вчера против Фриц.

Шпанецот во најбрзо време ќе одржи прес-конференција на која ќе ја образложи својата одлука, но дека истата е официјална потврди и Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни