Поврзете се со нас

АТП

Надал го мина Федерер, пред него е само Ѓоковиќ

Објавено

на

Рафаел Надал оствари уште еден извонреден резултат во својата кариера и го освои Ролан Гарос по 14. пат во својата кариера или севкупно дојде до 22 пехар на најголемите, назначајните турнири на грен слем сцената.

Шпанецот за остварениот триумф на Френч Опен заработи 2,2 милиони евра и со тоа за прв пат го мина Рожер Федерер по вкупната заработка на турнирите. Бикот од Мајорка дојде до бројката од 130.681.472 долари или во случајот само еден ас е пред него и тоа е Новак Ѓоковиќ кој во моментов има добра предност со оглед на сумата од 156,541,543 милиони долари.

Во Топ 10 влезе Марин Чилиќ, а кога се во прашање активните играчи место има уште за Енди Мари, Стен Вавринка и Александер Зверев.

Топ 10 листа:

1) Новак Ѓоковиќ 156,541,543
2) Рафаел Надал 130,681,472
3) Рожер Федерер 130,594,339
4) Енди Мари 62,733,749
5) Пит Сампрас 43,280,489
6) Стен Вавринка 34,953,913
7) Александер Зверев 32,407,055
8) Давид Ферер 31,152,975
9) Андре Агаси 31,152,975
10) Марин Чилиќ 30,468,623

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни